По повод Денот на Армијата – 18 Август, вечер, во 19:00 часот, во скопската касарна „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Како што информира Министерството за одбрана, претходно, во попладневните часови или по 18:00 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.