Принцезата Кејт и нејзиното семејство се засолниле во нивниот дом во Анмер Хол, каде таа, принцот Вилијам и нивните деца ќе бидат изолирани од јавноста додека таа се лекува од рак. Луѓе блиски до принцот од Велс изјавија дека кралската двојка сега е во позиција да се справи со ситуација кога здравјето на принцезата Кејт е на прво место.

Кралската двојка се повлече од јавните обврски откако Кејт Мидлтон во емотивна видео порака објави дека оди на превентивна хемотерапија.

Принцот и принцезата од Велс и нивните три деца нема да бидат на традиционалната кралска служба за Велигден следната недела, на која кралот Чарлс се надева дека ќе присуствува.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.