Необјаснетите звуци во домовите, како што се пукање, шушкање, удирање, лесно можат да ги исплашат луѓето. А кога на тоа ќе се додадат необични појави на предмети или знаци тогаш станува уште пострашно.

Нешто слично се случило и во Обреновац во куќа во сопственост на две сестри Ступар.

Нивните родители се преселиле во тој град во 1973 година. Куќата ја изградиле во 1977 година. Сите живееле во неа додека нивните ќерки не се венчале во осумдесеттите години и не го напуштиле домот на нивните родители. Тогаш Мирјана и Лазар Ступар остануваат сами.

По нивната смрт, куќата ја презеле нивните ќерки. И двете биле приврзани со домот на нивните родители и биле во дилема дали да ја продадат или не.

Кога  решиле да ја огласат куќата за продажба направиле генерално чистење. Ги исчистиле сите соби по ред, а кога дошле до спалната го тргнале портретот од таткото од ѕидот.

Останале зачудени и во шок–на зидот бил нацртано срце.

Сестрите веруваат дека ова е порака на нивниот татко дека ги сака и дека не треба да се грижат дека сакаат да ја продадат куќата и дека татко им и мајка им со тоа срце им испраќаат безгранична љубов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.