Долгогодишниот партнер на актерката Сандра Булок, модниот фотограф Брајан Рандал, почина во август на 58-годишна возраст.

Рандал три години се борел со ALS, а по неговата смрт Сандра одлучи да се повлече од очите на јавноста на одредено време.

Таа сега е фотографирана како шета со својата ќерка, облечена во црно, во исто така нејзино прво појавување во јавноста по нејзината трагична загуба. Актерката не ја симнала насмевката од лицето, а многумина коментираа дека им е мило што таа закрепнува.

Брајан и Сандра се запознале во јануари 2015 година, кога тој бил фотограф на роденденот на нејзиниот син Луис. Подоцна истата година, тие излегоа во јавноста со нивната врска и беа заедно на свадбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру.

Тие двајца не беа во брак, а актерката постојано повторуваше дека тој е „љубовта на нејзиниот живот“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.