Веќе на големо низ чаршијата во Скопје се зборува дека пејачката Туна Сејдиу се развела од сопругот Патрис Бериша, објави „Убавина и здравје“.

Како што се зборува, бракот помеѓу пејачката и музичарот од Косово подолго време не функционирал, па Туна била таа која се решила да стават крај на нивната љубовна романса.

Од бракот, тие ги имаат двајцата синови Тиан и малиот Зен.

Инаку ова на Туна и беше втор брак. Таа пред неколку години првпат се омажи за бизнисменот Рилинд Река, но бракот помеѓу нив траеше кратко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.