Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Иван и неговата сопруга Јана станаа родители.

Младата двојка доби син, а убавата вест на социјалните мрежи прв ја сподели таткото на Јана, дедото Атанас.

Тазе дедото на својот профил и напиша: Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!

Иван и Јана се венчаа во февруари, откако во октомври минатата година се свршија.

Церемонијата беше направена интимно, во потесен круг на роднини и пријатели, а Јана беше во поодмината бременост.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.