Моќниот адвокат од Јужна Каролина, Алекс Мардо е прогласен за виновен за убиството на сопругата и синот, со цел да го одвлече вниманието од неговите финансиски злосторства од повеќе милиони долари, јави „Би-Би-Си“.

Поротата расправаше помалку од три часа пред да го осуди Мардо (54) за две точки од обвинението за убиство на крајот од шестнеделното судење. За секое обвинение за убиство му се заканува казна од 30 години до доживотен затвор без помилување.

Меги и Пол Мардо биле застрелани на одгледувачницата за кучиња на нивниот семеен имот на 7 јуни 2021 година.

Случајот стана доста познат во САД, по што беа снимени документарни филмови на „Нетфликс“ и „ХБО“.

Мардо во минатото бил влијателен адвокат, а до 2006 година членовите на неговото семејство биле доста влијателни обвинители.

Мардо се изјасни за невин за убиството на неговата сопруга и најмладиот син во обид да ја прикрие долгогодишната финансиска корупција – измама што и тој самиот ја призна пред судот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.