Анџелина Џоли и Бред Пит беа еден од најпопуларните парови во Холивуд, а откако се разведоа во 2016 година секојдневно се појавуваат нови детали за нивниот живот.

Сега поранешниот телохранител на семејството Џоли-Пит, Марк Били Билингем, откри како било да се работи за нив и зошто ја напуштил работата по само 18 месеци работа.

Инаку, Билингeм служел 27 години во Специјалната британска воздухопловна агенција, што го направила идеален кандидат за телохранител на ова семејство.

„Јас бев шеф на обезбедувањето на Бред и Анџелина. Ме препорача војската, а Енџи и Бред се многу загрижени за тоа кој се приближува до нивните деца. Од самиот почеток беше јасно дека имаме одлична хемија и тие ми веруваа со децата“, изјави тој за The Sun.

Тој морал да посвети посебно внимание на шесте деца на славната двојка. Како што изјавил, некои луѓе можеле само од далечина да ги набљудуваат, но не и да ги допираат, а Марк бил задолжен да ги носи децата на пливање. Тој истакна и дека ова семејство тогаш имало проблем со демнењето.

„Енџи снимаше во толпата и сите имаа насмевки на нивните лица, освен едно момче. Изгледаше луто. Неколку дена подоцна тргнавме на снимање и ова момче трчаше по улицата носеќји фотографија која требало да се потпише“, продолжи тој.

Џоли сакала да излезе од возилото, но Билингем не ѝ дозволил.

„Отидов да ги земам фотографиите и ѝ ги однесов. Таа ми рече: ‘Леле, ова се лични фотографии’. Ја следен Енџи ширум САД. За мене тоа беше класичен Џон Ленон. Кога била сама на фотографиите, тој се смеел, а секогаш кога била со Бред, тој го имал овој лут поглед на неговото лице“, раскажува Билингем.

Како што рекол, обезбедувањето имало и задача да се грижи за имиџот на децата на Анџелина и Бред.

„Не се работи толку за физичката страна, туку повеќе за социјалната страна. Морав да се погрижам нивниот имиџ да биде заштитен, да се соодветно облечени и да не прават глупави работи кои би можеле да бидат фатени на камера“, објасни тој.

Освен ова, вели, бил изненаден и од тоа колку работи актерската двојка не знаела.

„Беше лудо кога ми поставуваа прашања како ‘Како да стигнам до тој бар?’ и ‘Што треба да направам за да стигнам таму?’. Тие не се глупави, но поради светот во кој живеат едноставно не правеле такво нешто долго време.Тоа ми беше чудно“, рекол Марк.

Како што објасни на крајот, дал отказ затоа што бил премногу одвоен од сопствените деца.

„Никогаш немав приватен живот. Бев исцрпен. Го изгубив правецот во сопствениот семеен живот“, заклучил тој за споменатиот медиум.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.