Најбогатото место во Србија се наоѓа недалеку од Пожаревац, во селото Точка. Неговата вредност е проценета над една милијарда евра .
Секој што минува низ ова место го вади телефонот за да ги сними градбите кои наликуваат на местата во Германија и Австрија, Австралија и Канада.
Се фаќаат за глава-вили со многу златни детали, фасади со гипс украси во вид на лавови, коњи, лебеди и соколи. А внатре, Луј Витон завеси, Версаче плочки и маси, мермер.
А сето тоа го чува обезбедување, како и видео надзор.Во желбата да создадат населба слична на западната, жителите на овој регион решиле да заминат во Австрија во 60-тите и 70-тите години за да заработат многу пари, се со намера да изградат величествени куќи и вили и да обезбедат самите со удобен живот. Но, никогаш не се вратиле да живеат, односно доаѓаат само неколку недели преку летото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.