Синот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, се ожени.

Иван официјално стапи во брак со неговата избраничка Јана, откако во октомври минатата година се верија, а за веста се дозна и во јавноста.

На нивните Инстаграм профили беа споделени фотографии кои изобилуваат со среќа, а може да се забележи дека венчавката била интимна, односно во потесниот круг на роднини и пријатели.

На фотографиите ѕирка стомачето на Јана, па поранешниот претседател, освен тазе свекор, ќе стане и тазе дедо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.