Во тетовско Теарце по 12-ти пат се одржа манифестацијата „Денот на гравот“ која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разноликост на подрачјето. Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав.
Дванаесет години по ред оваа манифестација се организира во Теарце. Организаторот, Метин Мухареми, вели дека првичната цел била да се поддржат земјоделците, а сега веќе стана манифестација која привлекува многу посетители, пренесе ТВ21.
„Годинава е дванаесеттата едициа на оваа манифестација и истата ги прекрши етничките бариера но и меѓуграничните бариера бидејќи немаме посетители само од државата, туку и од Косово и Албанија кои се дел од проектот кој има за цел поддршка на земјоделците, чија цел е зголемување на активностите за младите во руралните зони бидејќи настанот се организира со над 20 волонтери и активисти кои работат заедно со централната организација за развој ЦЕД“, вели Мухареми.
Универзитетскиот професор, Алирами Сали, вели дека климатските промени последните 5 години се причината поради која има се помалку тетовски грав по пазарите, бидејќи процесот на садење е тежок и нема работна сила.
„Во врска со брендирањето, има неклку фактори иако имам информации дека се работи во тој правец, ни се појавуваат проблеми од аспект на одгледувањето, имам информации и имам практично искуство дека во последната деценија немаме иста количниа на произведен грав сега и пред десет или петнаесет гпдини. Тој недостиг или тоа намалување на производната површина се должи на промената на климатските услови, глобалното затоплување, но и како резултат на работната сила која е неопходна за берба на оваа култура“, изјави Сали.
Сонцето и влажноста кои се присутни во полошкиот регион се причините поради кои гравот е попосебен, но за жал секоја година се помалку се произведува овој производ поради тоа што земјоделците се откажуваат од земјоделството но и поради киматските услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.