Кај жените, желбата за односи ја открива должината на вокалниот тракт.
Личност која сака лежерен однос и само „акција во креветот“ може да се препознае по гласот, вели психологот Ендрју Томас во написот за „Psychology Today“, каде што навел и други интересни факти за интимните односи.
Томас вели дека научниците докажале дека говорот и гласот се силни показатели за „намерата“ кога станува збор за стапување во интимни односи. И овие маркери се разликуваат кај мажите и жените.
Мажите кои имаат длабок глас се сметаат за попривлечни и обично се многу заинтересирани за акција во кревет. Од друга страна, кај жените желбата за односи не се открива со висината на гласот, туку од должината на вокалниот тракт, што влијае на неговата резонантност.
Психологот додаде дека односот на жените кон интимните врски се менува во зависност од менструалниот циклус. И иако научниците заклучија дека овие промени во однесувањето се прилично минимални, сепак постои причина за нив. Женската психологија работи така што тие го избираат најдобриот кандидат за „парење“. Во бракот, ова е сопругот, а надвор од бракот, силен, здрав, привлечен маж кој потенцијално може да биде добар кандидат за татко.
Кај мажите, интимната активност може да се намали со возраста поради намалувањето на нивото на тестостерон и откако ќе станат родители. Речиси 300 самци и лица без деца учествувале во петгодишно истражување спроведено на Филипините. Се испоставило дека оние кои се венчале и станале татковци имале намалена желба за необврзувачки односи, додека тоа не било случај за оние кои немале „подобра половина“, вели Томас. Според него, стабилноста и мирот имаат психолошко и хормонално влијание врз мажите. Тие ги насочуваат своите напори од пронаоѓање партнери за интимни односи до воспитување деца.
Научници од Норвешка откриле дека луѓето кои сакаат да најдат партнери за повремени односи користат мобилни апликации за запознавање наместо обични веб-страници. Токму апликациите даваат попрецизна претстава за физичката привлечност на потенцијалниот партнер, додаде психологот.
Изненадувачко откритие е дека поборниците за „акција“ без обврски и немоногамни врски сакаат да им бидат единствените партнери на своите љубовници.
Извор:Попара
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.