За да дознаете дали сте во врска со психопат, прво мора да знаете кои се знаците. Мажите психопати на почетокот многу се шармантни, романтични, оригинални, интелигентни… Често знаат да направат прекрасен гест со кој ќе ја воодушеват жената.
Првите знаци на психопатија жените ги толкуваат како излив на голема љубов.
Еве како да препознаете психопат во 6 чекора:
1. Првиот знак е преголемата самодоверба. Секогаш се уверени дека се во право.
2. Вториот знак е патолошкото лажење.
3. Третиот знак е лажното претставување во јавност. (на работа е еден човек, а дома е сосема друг)
4. Четвртиот чекор е љубомората.
5. Петтиот знак се заканите. Внатрешниот свет на мажите психопати е исполнет со насилство и агресија.
6. Шестиот знак е неспособноста да се контролира агресијата. Тој речиси секогаш ненадејно избувнува и не може да се сопре.
Многу од жените кои се во врска со таков човек на крајот стануваат жртви. Плашејќи се од таквите личности, тие со години остануваат во врска, па дури и во брак со нив. Стравот ги парализира и не можат да го прекинат односот со тој човек. Тие живеат во маѓепсан круг на страв, страдање и закани.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.