Шаманите се исцелители на рани кои ги водат луѓето кога ќе се загубат движејќи се низ животот и исполнуваат повеќе функции, исто како родителот. Па ако сте родител, тогаш мора да дознаете за шаманскиот пристап за родителите.

Родителството е една од најнаградуваните улоги што можеме да ги имаме како луѓе. Како родители, нашата работа е да ги воспитуваме, водиме и штитиме нашите деца, да ги лекуваме и да ги подготвиме да се соочат со предизвиците на светот и да ја искусат величественоста на универзумот. И можеби затоа, да се биде родител честопати е слично на тоа да се биде шаман.

1. Тие создаваат безбеден простор

Шаманот, пред да почне со процесот на исцелување најпрвин создава погодна средина каде што може да се одвива самиот процес. На тој начин, шаманот му помага на пациентот да се поврзе со своето внатрешно јас, нешто што е неопходно за лечење на неговата душа. Од друга страна, и родителите имаат тенденција да го прават истото со своите деца. Тие се обидуваат да создадат безбедно засолниште кое ќе им овозможи на децата да бидат ментално и физички здрави.

2. Тие се водачи, а не инструктори

Шаманите ги водат пациентите во процесот на духовното исцелување преку давање совети, а дали тие ќе ги следат советите или не зависи првенствено од нив. Целта на шаманот е духовно да ја лекува личноста, а не да ја контролира. Родителите кои сакаат да израснат здрави и среќни деца го прават истото.

3. Тие не судат

Исцелителите не ги судат своите пациенти. Напротив, тие имаат високо ниво на емпатија, сочувство и љубезност што им дава можност да ги смират пациентите.

Меѓу другото, тие ја гледаат реалноста онаква каква што е. Нивната интуиција, разбирање и видовитоста им помагаат да разберат што е потребно за да му се помогне на другиот. Така, нивната примарна цел е да им помагаат на луѓето, а не да ги истакнуваат нивните мани и несовршености.

Родителите го прават истото со своите деца. Тие не ги етикетираат или осудуваат поради нивните грешки туку им помагаат да ги осознаат своите грешки и да учат од нив. Родителите се оние кои ги водат децата во потрагата по сопствениот пат и им помагаат да се вратат на вистинскиот пат кога ќе се изгубат.


Извор: Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.