Постојат јасни знаци дека одредени луѓе не ве сакаат. Кога некој не ве сака или едноставно му одите на нерви, еве како се однесува…
1. Одбегнува контакт очи в очи
Контактот со очи е една од најосновните форми на човечка комуникација. Го користиме за да изразиме интерес, сочувство или разбирање. Ако некој постојано одбегнува контакт очи в очи со вас, тоа може да укажува на ненаклонетост. Иако срамежливоста и социјалната анксиозност, исто така, може да бидат фактор, ненадејното одбегнување на контакт со очи од страна на вообичаено самоуверена личност е причина за загриженост.
2. Започнува површни разговори
Кога некому му се допаѓате, сака подобро да ве запознае и се интересира за вашиот живот. Но ако разговорите со некоја личност секогаш остануваат на површно ниво, тоа може да биде знак дека таа не е заинтересирана за вас. Во вакви ситуации, темите на разговор обично се ограничени на временските услови или на општи прашања, без обид да се навлезе во лични детали.
3. Има затворен говор на тело
Говорот на телото честопати кажува многу повеќе од зборовите. Вкрстувањето на рацете, одбегнувањето на погледот и желбата да постави физичка бариера меѓу вас се знаци на непријатност или неволност за комуникација. Ако ваквите гестови станат редовни, тоа е јасен сигнал дека личноста не чувствува симпатии кон вас.
4. Ретко започнува комуникација
Кога некој не се интересира за вас, комуникацијата станува еднострана. Ако морате постојано да покренувате комуникација, а другата личност не покажува желба да го одржи контактот, тоа може да биде знак дека не ѝ се допаѓате. Иако понекогаш луѓето си имаат свои причини, ако ова се случува постојано, вреди да размислите за причините.
5. Не се труди да ве разбере
Кога некој не се обидува да ги разбере вашите чувства или ги игнорира вашите мисли, тоа може да биде знак на рамнодушност. Ако не покажува интерес за вашите искуство, ги прекинува или ги отфрла вашите зборови, тоа е јасен сигнал дека не е заинтересиран да гради подлабока врска со вас.
6. Никогаш не е среќен што ве гледа
Ако никогаш не покажува радост кога ќе ве види, тоа е знак дека не му се допаѓате некому. Кога некој навистина ви се допаѓа, средбата со таа личност носи радост. Ако тоа не е обострано, јасно е дека вашиот однос е од поинаква природа.
7. Не го почитува вашето време
Почитувањето на туѓото време е основата на здравите односи. Ако некој постојано доцни, ги откажува средбите во последен момент или ве принудува да го чекате, тоа е знак дека не ве цени ниту вас ниту вашето време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.