Александар Станковиќ, уредник и водител на популарната емисија „Недела во 2“ која се емитува на Хрватската телевизија во Загреб ја промовираше својата книга „Депра“. На промоцијата присустувале многу јавни личности: градоначалникот на Загреб Томислас Томашевиќ, Тарик Филиповиќ, Сандра Бенчиќ, Зоран Вакула…

Освен авторот, за книгата „Депра“ и за менталното здравје говореле и музичарот Едо Маајка, поетесата Моника Херцег и директорката на Клиниката „Врапче“ д-р Петрана Бречиќ.

Најголема придобивка од оваа книга е обидот на еден убав, имплицитен и експлицитен начин да се дестигматизира депресијата и одењето на психијатар во смисла ако си болен, јави се, постојат начини за помош, кажа д-р Бречиќ.

Едо Маајка раскажа дека на почетокот на кариерата имал страв од јавен настап, а единствена телевизиска емисија каде што гостувал била „Недела во 2“. Кажа дека тоа можеби и го спасило.

Кога доаѓаше во емисија, ми кажа дека има пролив и дека се плаши оти ќе има проблеми во емисијата. На крај, се излезе добо, изјави Станковиќ, а Едо додал дека книгата на Александар многу му помогнала.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.