Во ноќта меѓу сабота и недела ќе ги вратиме стрелките на часовниците еден час наназад со што се означува крај на летното сметање на времето. Ова враќање се изедначува тенички со потенцијално додавање еден час сон, меѓутоа ресетирањето не е така лесно за нашите внатрешни часоцници, односно за деноноќниот ритам.
Оваа пракса на поместување на стрелките на часовникот нанапред во пролет, а потоа наназад на станадрдното време, во есен е првобитно замислено да ја оптимизира природната дневна светлина и е задржано до денес.
Здравјето и поместувањето на времето
Создавањето десинхронизација на часовниците на нашето тело двапати годишно е поврзано со зголемени здравствени ризици како депресија, дебелина, срцев удар, па дури и појава на сообраќајни незгоди.
Може да се каже дека дополнителен час ќе значи дека ќе спиеме подолго, но сепак тоа има влијание врз менталното и физичкото здравје. Jet lag може да ги „исфрли“ часовниците на нашето тело несинхронизирани.
Поместувањето на часовникот наназад влијае на деноноќниот ритам на телото – физички, ментални и промени во однесувањето.
Нашите тела очекуваат одредени работи да се случат во одредени периоди од денот (како спиење, будење и јадење) врз основа на сончевите сигнали и фактот дека ги правите тие работи одново и одново во исто време секој ден.
Кога ќе ја промените таа рутина, дури и на еден час, вашиот деноноќен ритам е малку исфрлен од колосек. Поточно, деноноќниот ритам станува малку несинхронизиран со времето на часовникот, што може да го отфрли времето на неколку дневни процеси што се случуваат во телото (како што се спиењето, варењето и кардиоваскуларното функционирање).
Ниско расположение и депресија
Во текот на есента и зимата, многу луѓе обично го поминуваат целиот ден во затворени простории на работа, училиште или дома. Кога ќе ги завршиме сите активности веќе е темно. Тоа значи дека помалку сме изложени на сонце, што ја намалува количината на витамин Д што го произведува нашето тело. Ниското ниво на витамин Д е поврзано со лошо расположение и депресија, како и со замор, болки во мускулите и ослабени коски. Нарушувањата на сонот исто така може да предизвикаат зголемен ризик од ментална болест. Губењето на еден час вечерна светлина може значително да влијае на нашето расположение.
Недостатокот на сончева светлина го потиснува производството на два важни хормони: мелатонин, кој поттикнува сон и серотонин, кој игра клучна улога во рамнотежата на расположението. Со други зборови, поголема е веројатноста да бидеме мрзливи и уморни во деновите по летното сметање на времето, додека не се навикнеме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.