Депресијата може да придонесе за губење на помнењето и обратно, открива ново истражување коешто следело речиси 8.200 Британци во текот на две десетлетија.

Научниците откриваат дека „линеарната промена во депресивните симптоми води кон забрзано губење на меморијата“ кај испитаниците постари од 50 години. Нивната просечна возраст е 64 години. Но, не само што депресијата влијае на памтењето, туку и обратното е точно, заклучуваат научниците во написот објавен од Американското медицинско здружение. Тимот вклучува научници и лекари од британскиот Универзитетски колеџ во Лондон, Медицинскиот центар на Универзитетот во Рочестер и Медицинскиот факултет во Сасекс.

Побрзата промена во помнењето и заборавањето е исто така реципрочно поврзана со брза промена на симптомите на депресија со текот на времето. Психолошкото расположение и помнењето се суштински поврзани“, тврдат компетентните научници.

Понатаму се истакнува и дека, иако когнитивната дисфункција и претходно е поврзувана со депресијата, „насоката на таа врска“ сѐ уште не е јасно дефинирана.

Учесниците во испитувањата биле испрашувани секоја втора година од 2002 до 2019 година, со тестови за запомнување и течно говорење, како и проценки на симптомите на депресија според Центарот за епидемиолошки студии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.