Боите претставуваат многу важен елемент во уредувањето на домот, но не станува збор само за естетика, туку и за нивното влијание врз вашето расположение, емоции и благосостојба.

Се смета дека одредени бои носат позитивна енергија во домот, поволно влијаат врз расположението, виталноста, нивото на енергија, но и вашите финансии. Дознајте кои се тие…

Жолта боја

Со внесувањето жолта боја во домот внесувате топлина, ведрина и простор, а според тврдењата на експертите за фенг шуи, таа ги поттикнува менталните процеси и ја зголемува интуицијата. Меѓутоа, внимавајте со жолтата, бидејќи ако ја има премногу, може да ги измори очите и да создаде чувство на недостиг од енергија. Кога одбирате парчиња мебел или декорации во жолта боја, идеално место за нив е централниот дел од просторијата, тврдат експертите.

Зелена боја

Зелената боја е резервирана за успех, просперитет, раст и позитивни промени. Па така, се препорачува во станот да имате слики од пејзажи, а во работниот простор ѕидовите или мебелот да бидат во зелена боја, бидејќи носи успех и пари, а пожелна е и во кујната, бидејќи е боја на здравјето.

Сина боја

Сината боја е „нов почеток“. Таа симболизира добра комуникација со луѓето, ја зголемува самодовербата, позитивно влијае врз регулирањето на апетитот, опушта и смирува. Како и со жолтата, треба да се внимава да не се претера со оваа боја, бидејќи може да предизвика спротивен ефект доколку ја има премногу во просторот.

Црвена боја

Црвената е адреналинска боја – таа го подигнува нивото на енергија и ентузијазмот и повикува на акција. Црвената се поврзува со оган, кој според верувањата на фенг шуи симболизира промени на подобро. Оваа боја во ентериерот би требало да биде присутна во мали количини и детали, бидејќи е интензивна и многу моќна. Црвената, исто така, симболизира успех и финансиска добивка, а позитивно влијае и врз емоционалните и партнерски односи.

Виолетова боја

Виолетовата боја е боја на позитивна енергија, богатство и смиреност. Фенг шуи препорачува мебелот или декорациите во виолетова боја да се сместат во најоддалечениот лев агол во домот во однос на влезната врата. Таквата поставка би требало да ви донесе успех, спокој, расположение, просперитет и финансиска благосостојба. Не се препорачува да имате виолетова боја во делот од станот каде што се одвиваат најголемиот број меѓучовечки интеракции, како што е дневната соба, бидејќи може негативно да влијае врз комуникацијата.

Портокалова боја

Портокаловата боја е боја на здравје, а со нејзиното внесување во домот, внесувате топлина, радост и ентузијазам. Оваа боја, во својата интензивна нијанса, ја зголемува позитивната енергија, а се користи и за лекување на луѓето, бидејќи се покажало дека има позитивни ефекти на здравјето. Понежните нијанси на портокалова боја ќе ви донесат во домот многу смеа, радост и позитивни мисли.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.