По кусо боледување почина Менде Младеновски (1955-2024), долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“. Неговиот придонес во македонското новинарство е огромен, а меѓу колегите ќе остане запаметен како голем професионалец во новинарството кој целиот свој работен век му го посвети на „Битолски весник“, пренесе „Слободен печат“.

Тој беше долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ и секогаш се залагаше за почитување на највисоките професионални стандарди во новинарската професија воопшто. Остана активен во новинарството до последните денови. Колумните на Младеновски се поместени во неговите авторски книги „Во прво лице“, во кои ги изнесуваше своите видувања и анализи за актуелните национални, регионални но и локални теми.

За својата новинарска посветеност и професионализам добитник е на бројни награди и посебни признанија од Здружението на новинарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.