Не дека треба да има цела листа на причини зошто не треба да им честитате среќна Нова година на бившите, ама ние сепак ја направивме.
Сепак минатото е минато со причина, особено ако не контактирате веќе подолго време.
Оваа листа не треба да ја занемарат ни оние кои раскинале во текот на оваа година.
Зошто да си ставате трн во здрава нога?
Имате конкретна цел или само се чувствувате малку осамено околу празниците?
Нели е крајно време да почнете да гледате кон иднината наместо да го „верглате“ минатото одново и одново?
Нема да бидете „подобриот“ ако пратите порака за бидете фини, а другата страна ја протолкува како покана за нешто повеќе (а тоа не ви била намерата).
Пишувањето 84 различни верзии на пораката штотуку одзеде најмалку 84 минути од вашиот живот што никогаш нема да ги вратите.
На крајот на краиштата, не ли беше 2022 година доволно тешка?
И затоа што секогаш постои шанса да добиете одговор, а не знаете што понатаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.