Збогатување на туристичката понуда со атрактивни туристички производи е една од целите и заложбите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Истото го реализира преку поддршка за развој на туристичкиот потенцијал во земјава.

Согласно Програмата за работа на Агенција за промоција и поддршка на туризмот за 2022 година, се реализирше и проектот „Одбележување на археолошкиот локалитет “Тумба Маџари“. За таа цел, поставени се 8 патокази на потребните локации, од кои два големи 55/160 см на столбови дупло поголеми од предвидените заради безбедност од кршење и уништување на истите на влезот на градот Скопје кон населбата Ченто и 6 мали патокази со димензии 30/100 см на потегот од влезот во населбата Ченто и населбата Маџари до самиот локалитет во истата населба. Пред самата населба поставена е и таблата со димензии 140/100 см на два столба подигнати на висина од предвиденото. Зачувување, обновување и промоција на туристичките знаменитоси значи и бенефит за локалците и за локалната економија.

Одлично место за еднодневни организирани посети од страна на ученици, студенти и фамилјарни прошетки, е неолитското село Тумба – Маџари, кое претставува музеј на отворено со научен и туристички потенцијал. Во „Неолитското село“изградени се неколку куќи во неолитски стил, во кои се поставени кукли кои вршат некоја активност, но и предмети, вистински или копии на пронајдените, со што на посетителот му се доловува животот во неолитско време. Тумба е археолошко наоѓалиште во скопската населба Маџари. Претставува населба од неолитското време, односно од 6ти милениум пред нашата ера. Од археолошките откритија најзначајна е фигурата на Големата мајка Божица – заштитничката на плодноста. Кустосот е секогаш спремен да ви го покаже локалитетот и да ве однесе во времето на праисторијата.

Одлична можност летната сезона да посетите, видите и научите нешто ново за неоткриена Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.