Општина Струга, од 8 до 11 февруари 2023 година, ќе учествува на саемот за туризам „ЕМИТТ“ – во Истанбул за да ја претстави Струга како атрактивна туристичка дестинација и нејзината понудата пред потенцијалните туристите.
Од општината ги повикуваат сите хотелско-туристички субјекти на Струга да учествуваат саемот, но доколку физички не се во можност, да нè снабдат со промотивни туристички материјали за понудата или за нивните сместувачки капацитети, за да може општината да ги претстави.
Често повторуваме и ќе продолжиме со истрајност да спомнуваме дека туризмот е стопанска гранка која со себе носи многу придобивки: работни места во туристичкиот сектор, работни места во други сектори тесно поврзани со туризмот и угостителството, примарен приход за оние кои се занимаваат со туризам и хотелиерство, дополнителен приход за многу други категории, локален развој, заштита на животната средина, односно севкупен одржлив развој.
Имиџот на Струга како атрактивна дестинација мора да биде претставена секаде каде што е можно, затоа сите учесници во туристичките и хотелските активности мора да учествуваат во оваа насока.
Ве молиме за подетални информации обратете се во Одделението за туризам на општина Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.