За некои тоа е најдоброто теренско возило на светот веќе 46 години, бидејќи за вложените пари тешко дека може да се добие нешто подобро.

Откако беше претставена во 1977 година, Lada Niva повеќе од успешно го живее својот живот меѓу врвните теренски возила, а доказ за тоа е бројката од дури 2,5 милиони произведени.

Сопственикот на оваа Нива има  извозено само 220 километри, а беспрекорно се одржува веќе 43 години!

Седиштата се уште се покриени со фабричката фолија и со неа се докажуваат сите печати од 1980 година како доказ за оригиналност, сметката, купопродажната документација и оригиналниот алат.За неа бара дури 23.000.000 рубљи, односно 265.000 евра!

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.