Жителите од швајцарскиот град Базел смислија план како да се спасат од летните горештини кога ќе си одат дома од работа. Решението е: ни помалку ни повеќе, туку да пливаат.
Оние кои живеат низводно од местото каде што сакаат да одат по работа ги фрлаат своите работи во водоотпорна торба, скокаат во Рајна и едноставно лебдат до дома, разладувајќи се по пат.
Оваа необична навика на жителите стана хит меѓу туристите кои и самите бараат бегство од летните горештини во градската река, чија летна температура е околу 23°C.
Пливањето во Рајна е една од омилените летни активности меѓу локалното население, но градските власти ги повикуваат туристите да им се придружат и да скокнат во реката.
Покрај тоа што можете да лебдите дури три километри низводно, има неколку места директно на брегот на Рајна каде што можете да одморите и да се сончате.
Сè што треба да направите е да ги ставите алиштата и работите во таканаречената „Wickelfisch“, водоотпорна торба за капење во форма на риба, која ја произведува управата на Базел и стана еден од најпопуларните сувенири во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.