Кога одат во Грција на море, Србите најчесто купуваат штеки цигари од Македонија или на фришоп, бидејќи им е доста поевтино од Србија или од Грција, но и оваа и претходната сезона нивите граѓани имаа непланирани проблеми на граница со оваа навика.

Споделувајќи го своето искуство, Дејан од Србија ги предупредува сите кои на пат кон море  преминуваат преку граничниот премин Дојран – Дојрани меѓу Македонија и Грција дека цариниците од грчка страна будно следат кој излегува од фришоп, а потоа го прегледуваат возилото.

На граничниот премин Дојран, ако застанете пред фришоп, знајте го следново: На самиот премин има грчка царинарница, гледаат низ прозор и на секој што излегува од продавницата после го застануваат за преглед на автомобилот.  Главно бараат цигари или алкохол. Ме претресоа бидејќи видоа дека сум излегол, но имав купено само благо за ќерка ми. Бараат и сметка за да видат дали на неа има цигари или алкохол. И во самиот фришоп ве предупредуваат не враќаат пари и производи, ако царината не дозволи да се внесат, објасни тој во објава на фејсбук-страницата „Grčka info“.

Grčka
Во коментарите под неговата објава, слични искуства споделија и други Срби.

Желбата да заштедат пари или едноставно да не го менуваат тутунот што го користат, им се вратила над глава на неколкумина. Пример, како што напиша Лидија, за двете штеки цигари кои ги имале со себе ѝ била наплатена казна од 150 евра.  



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.