Семејство од Германија кое летувало на шпанскиот остров Гран Канарија, платило 1.000 евра за такси со коешто го обиколиле хотелскиот комплекс и стигнале до плажата, пренесува списанието „Феникс“.

Според наводите, тоа возење траело три часа, а таксистот наводно претходно им рекол дека им нуди „бесплатно искуство“ да го видат хотелскиот комплекс бидејќи тоа го прават за гостите на хотелот. На крајот сфатиле дека ништо не е бесплатно.

„Штом влезеш во такси, губиш! Ние едноставно паднавме на измама… По пристигнувањето на плажа, се јави проблемот. Излезе дека тоа не било бесплатно. На крајот (таксистот, з.п.) рече дека ништо не е бесплатно, туку цената на таа тура од три часа е 1.000 евра“, изјави двојката.

Семејството Фишер не е единствениот случај на ваков вид измама, па германски „Ер-те-ел“ ги предупредува Германците да бидат внимателни кога некој ќе им понуди нешто „бесплатно“ на одмор во туѓа земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.