ЗПЗП КОЗЈАК 2013 Куманово со цел да ги презентира реализираните активности кои беа предвидени со проектот „Планинарска инфраструктура – основа за туризам и здрави навики“ на ден 14 август 2024 година во 19:00 часот ќе организира мал коктел во малата сала на училиштата Крсте Мисирков и Браќа Миладиновци.

На настанот ќе може во живо да се види направената вештачка карпа, ќе има видео презентација и фотографии од реализираните активности со учениците , и ќе бидат доделени благодарници за училиштата кои учествуваа во проектот.

 

Добродојдени се сите заинтереситрани граѓани, а особено професорите кои со свои ученици учествуваа на планинарските акции и предавања, се вели во објавата од организаторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.