Многумина се прашуваат дали повеќе сакаат плажа и море, или снег?… Има едно место коешто, на некој начин, ги нуди и двете. Станува збор за плажата Хокаидо во Јапонија.

Светскиот геопарк под заштита на УНЕСКО, Сан’ин Кајган, чиј дел е плажата Хокаидо, се протега од западниот брег на Тотори до источниот ‘рт Ќогамисаки во Кјото.

Во овој геопарк има бројни геолошки особености поврзани со развојот на Јапонското Море, како и долини, песочни дини, песочни шипки, вулкански карпи, но и плажи кои наликуваат на реки.

Таа комбинација од море, песок и снег стана хит на интернет, па многумина велат дека сликата ги инспирирала да патуваат и да го истражат светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.