Островите Диомед, Утрешниот остров (Големиот Диомед) и Вчерашниот остров (Малиот Диомед), се две парчиња земја оддалечени само 4,8 километри, но поголемиот остров е речиси еден ден (21 час) пред својот помал сосед.

Тоа е така, затоа што двата острова се наоѓаат на двете страни од Меѓународната линија за датум што минува низ Тихиот Океан и ја означува границата помеѓу еден календарски ден и следниот.

Овие две мали островчиња се наоѓаат во Беринговиот теснец помеѓу Алјаска и Сибир. Големиот Диомед се наоѓа на руската страна, додека Малиот Диомед е на страната на САД.

Во текот на зимските месеци, меѓу двата острова се формира леден мост што овозможува, иако тоа е нелегално, да се пропешачи меѓу двата острова и на тој начин да се „патува низ времето“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.