Една од омилените активности на Македонците преку лето е крадење на пешкири во хотелите каде што престојуваат. Дерматолозите не  препорачува споделување крпи за лична хигиена кои некој веќе ги користел. Лекарите напоменуваат дека ова не е хигиенско и може да се пренесат разни инфекции.

Крпите обично се направени од памук кој ја задржува влагата, па бактериите можат да останат на нивната површина со часови, денови, па дури и месеци. Перењето на крпите е задолжително неделно за да биде безбедно, а сушењето е најдобро на отворено.

Освен тоа, експертите секојдневно апелираат секој член од домаќинството да има свој пешкир и да не го дели со никого, дури ни со партнерот.

Најчести симптоми се чешање, а дополнителна компликација се јавува доколку некој од домаќините веќе има кожна болест како егзема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.