Со оглед на тоа дека 2024 година е „пред портите“, туристичките списанија и агенции веќе ги истакнуваат новите препораки за патувања. Така, и „Нејшнал џиографик“ (National Geographic) ја објави својата топ 30 листа на „најкул“ дестинации за следнава година.

На списокот, Европа доминира со 13 места за авантуристичко патување. На првото место се Албанските Алпи, попознати како Проклетије – планински масив во северна Албанија и источна Црна Гора.

Познати, прилично застрашувачко, како „Проклетите Планини“, ова царство остри карстни врвови е сон на планинарите, каде што рисовите талкаат по шумите од смрека, а дивите цвеќиња ги покриваат долините“, се вели во новиот напис.

Потоа следуваат Белфаст, Емилија-Ромања, Нордланд, мексиканскиот полуостров Јукатан, Сиким во Индија, со прекрасен поглед на Хималаите, па австралиска Викторија итн.

Редоследно, „најкул“ туристички места во Европа се: Проклетије, Албанија; Белфаст, Cеверна Ирска; Емилија-Ромања, Италија; Галовеј и Јужен Ершир, Шкотска; Нордланд, Норвешка; Северен Јоркшир, Англија; Помпеја, Италија; Саима, Финска; Тарту, Естонија; Валета, Малта; Велс и Дивиот Атлантски Пат или Вајлд Атлантик Веј во Ирска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.