Властите во непалскиот регион кој го надгледува Монт Еверест воведуваат ново правило кое ги обврзува планинарите сами да го исчистат својот измет и да го вратат во базниот камп.
Мингма Шерпа, претседател на општината Пасанг Ламу, истакнува дека добиле поплаки за непријатниот мирис поради човечки измет на карпите, што ја расипува сликата на регионот.
Планинарите кои тргнуваат на освојување на Монт Еверест и околните планини ќе треба да купат вреќи за измет во базниот камп, кои ќе бидат проверени по враќањето.
За време на сезоната на пешачење, планинарите користат специјални шатори и буриња за собирање измет во базниот камп. Меѓутоа, како што се искачуваат кон врвовите, каде што има помалку снег, нуждата на отворено станува предизвик.
Поради екстремните температури на Еверест, изметот оставен на студ не се распаѓа целосно, што претставува еколошки проблем. Иако има се повеќе кампањи за чистење, вклучително и човечки измет, останува голем предизвик на Еверест и другите планини во регионот, пренесува „outsideonline“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.