Убавините на Македонија се небројни. Тие убавини кријат многу мистерии поврзани со разни периоди од историјата, со народите кои се населувале и кои со себе ја носеле својата култура, традиција, обичаи.

Една од таквите мистерии е поврзана со Тиквешкото Езеро. Навидум за многумина тоа е само една обична измислена приказна од тиквешките рибари.

Се работи за „мистичните риби” во езерото кои многу личат на сомовите, но со големина на кит. Приказната се пренесува од генерации на генерации. Луѓето раскажуваат дека овие риби биле толку големи што проголтувале цели чамци со луѓе.

Во прилог на приказната оди тоа што, пред неколку години словенечки нуркачи биле запрепастени од тоа што го виделе на дното од езерото. Тие велат дека виделе сомови кои се премногу стари и со невидена до сега големина.

Сомовите по својата природа се мрзливи суштества кои само кога се гладни, излегуваат на површината на езерото, ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе.

извор: Маркукуле.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.