Медиумска промоција во примарните туристички пазари за зголемување на визибилноста на македонскиот туризам започна со реализација на почетоков на годинава. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот активно работи на медиумски туристички кампањи во таргет земјите Полска, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Турција. Учеството на туристите од примарните земји од вкупниот број на странски туристи и остварени ноќевања е 30% за првите 10 месеци од 2022 година.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во вториот дел од медиумската кампања, промоцијата ја насочи на електронски медиуми, односно 100% онлајн рекламирање. Анализа за посета на веб страна www.northmacedonia-timelss.com ни дава информации за успешната реализација на онлајн промотивната кампања изминатиот период. Најпребарувани градови се Скопје, Охрид и регионот, активните форми на туризам, храна и вино, како и културните манифестации низ државава.

Претставувајќи го туристичкиот потенцијал на Македонија на меѓународно ниво Агенцијата за туризам континуирано врши истражување на клучните атракции на Македонија за гостите од различни пазари и зголемување на свесноста за целиот спектар на туристички атракции, преку рекламирање, постојани односи со јавност и ширење на информации. Со цел успешно промовирање на туризмот на државава изготвени се истражувања за туристичките пазари врз основа на стандарди за истражување на таргетираните пазар, истите се користат за изготвување на план за медиумска кампања.

Новите трендови кај потрошувачите создадоа нова туристичка реалност и нови туристички интереси. Всушност со враќањето на туризмот се сменија патувачите и долгите дестинации во големи групи се сведоа на помали групи кои патуваат  со автомобил на кратки дестинации.

 

Потребата од промени кои се неопходни, наметнува можности на кои ќе се  прилагодиме и преку иновативната туристичка понуда ќе создадеме поволна клима за раст и развој на туризмот во државата. Отткука, се наметнува потребата од креативна иновативна дигитална туристичка понуда како важен старатешки фактор за создавање лојални туристи. Целта на маркетинг кампањатаа за 2023г. е преку промотивните активности е да се придонесе кон поголема конкурентност и препознатливост на Македонија како атрактивна туристичка дестинација, да се фокусираме на тоа што не прави диверзивни, различни, а е отсликано преку природата, историјата, културата и гастрономијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.