Д-р Сашко Кедев, познатиот кардиохирург и вљубеник во планинарството, искачил уште еден врв повисок од 8.000 метри надморска височина. Станува збор за врвот Нанга Парбат во Пакистан. Фејсубк групата „Штипски асови“ објави дека тоа е деветииот врв во светот според виочината, на 8.125 метри над морското ниво.

„Сашко Кедев , инаку штипјанец, досега ги освои највисоките врвови во сите седум континенти. Претходно го освои Монт Еверест во 2009 година и Манаслу пред две години висок 8.156 метри. Сашко Кедев тука не застанува. Има план да освои уште неколку највисоки врвови во свето“, напишаа неговите пријатели од Штип.

Инаку, Кедев бил дел од десетчлена меѓународна екипа, во која покрај петмина шерпаски водичи, биле и планинари од Кина, Пакистан, САД и Јапонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.