Maкедонија има најскапи патарини во однос на квалитетот на патиштата и автопатите кои ги нуди, и веќе не толку евтино гориво споредено со земјите од регионот. Ваков впечаток се добива ако се споредат цените на патарините во нашата земја, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Хрватска,  и Албанија.

Туристите кои годинава ќе поминат низ Македонија на пат кон Грција не може да се надеваат дека пред Граничниот премин „ Богородица“ ќе го наполнат резервоарот „до даска“ и ќе имаат додека се вратат.

Сега бензинот во Македонија е незначително поевтин во споредба со Србија па на српските туристи им е сеедно дали ќе наполнат дома или кај нас.

Па така доколку одите со кола до Грција, и тоа до првите летувалишта на Халкидики за бензин ќе ви бидат потребни најмалку 100 евра што е значително повеќе од лани.

 

Иста е состојбата со патарините. Иако на прв поглед цените кај нас не делуваат високи, споредено со квалитетот на патиштата излегува дека во Македонија не е сразмерен односот цена-квалитет на автопатите.

Еве ги цените на патарините во регионот и ка нас.

Србија

Белград – Прешево 1.490 динари/750 денари во еден правец

Македонија

Прва патарина од влезот на Табановце 60 денари

Втора  патарина

80 денари

Трета патарина

60 денари / 1,5 евра

Четврта патарина

80 денари

Петта патарина

100 денари

Патарини Грција

Евзони 1.8 евра

Солун 0,5 евра

Патарина Аспровалта 0,9

Евзони – Халкидики 2,3 евра

Евзони – Тасос 7.40

Евзони – Крф 10.60

 

БУГАРИЈА вињети

Вињета за викенд 5 евра

Вињета 8 дена 8 евра

Вињета 30 дена 16 евра

Црна Гора

Тунел Созина 2,5 евра

 Хрватска

Батровци – Загреб 19 евра

Загреб – Риека 10 евра

Загреб – Шибеник 22 евра

Риека – Умаг 14 евра

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.