Фејсбук профилот „Во живо од Грција“ инфомира дека маж и жена од Србија и нивните две ќерки се исчезнати во Грција. Во објавата се наведува дека тоа се Александар Јокшиќ и Снежана Стаменковиќ со двете ќерки кои во неделата заминале за Тасос.
Бараме туристичките агенции да се вклучат и да проверат во нивните бази дали имаат патници под овие имиња. На овој начин ќе го дознаеме името на хотелот каде што престојувале, ќе контактираме со сопствениците и лесно ќе дознаеме дали пристигнале. Веруваме дека едноставно немале време да се јават. П.С. Постои можност презимето на Александар да е Јоксимовиќ, а не Јокшиќ, бидејќи добивме две жалби со различни презимиња – стои на објавата на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.