Фестивал на водените спортови – Охрид е проект кој е симбиоза на водените спортови, охридското природно богатство и развојот на охридската заедница. Нашата визија и мисија е јасна, обединување на сите охридски водени спортови и нивните активности, афирмација на нашето природно водно богатство – Охридското езеро и негова заштита и сето тоа во рамки на еден спортско – туристички БРЕНД со име Ohrid Water Festival.

Ohrid Water Festival и нејзиниот концепт е токму тоа што треба Охрид како спортско-туристички град да го понуди на пошироката домашна и интернационална туристичко-спортска јавност.

Фестивалот ќе понуди многу активности за сите возрасти и сите љубители на водата и водените спортови, и тие се поделени на спортско-рекреативни, социјално-едукативни и промотивни. Главен спортски настан е традиционалниот пливачки маратон од Св. Наум до Охрид кој е закажан за 26 август. За време на фестивалот се предвидени многу социјални активности, музика, едукација, промоции како и панел дискусија, изложби и презентација на здрава храна кои ќе бидат дел од вечерната програма од 19-22 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.