Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот потпиша Меморандумот за разбирање со Swisscontact како организација за спроведување на Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO) во име на Швајцарскиот државен секретаријат за економски прaшања SECO (Swisscontact/SIPPO).
Овој меморандум се потпишува врз веќе воспоставената повеќегодишна соработка со SIPPO, а во 2024 година фокус на интерес и соработка ќе биде поддршка во областа на одржлив туризам и тоа за активности поврзани со учество на Агенцијата за туризам заедно со туристичкиот сектор на интарнационалниот саем во Берлин (itb 2024). Поддршка во креирањето на акциски план и вмрежување за време на саемот и последователни активности, како што се организирање на информативни патувања и B2B состаноци во замјава, а во соработка со германски здруженија на туроператори. Следна активност за соработка со Агенцијата за туризам е развој на одржливи форми на туризам и зајакнување на капацитетите за зелени дестинации и нивна сертификација.
Целта на соработката помеѓу Swisscontact/SIPPO и АППТ е подобрување на активностите за пристап до туристички пазари, учество на саеми, дигитализација и одржливост, обезбедување услуги за промоција и институционално зајакнување. Соработката ќе се води според принципи на одржливост, синергија и флексибилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.