Агенцијата за туризмот продолжува со зајакнета промоција на македонските туристички дестинации, во насока на зголемување на бројот на туристи од полскиот туристички пазар. Промотивните активности вклучуваат реализација на прв и втор дел медиумска кампања, информативни патувања за новинари, инфлуенсери и тур оператори, како и учество на саемски манифестации. Во период од 24ти до 26ти ноември 2022, АППТ е на саемот во Полска, 28 издание на интернационалната манифестација (internacional travel show)TT WARSAW. На саемот учествуваат повеќе од 50 држави и 450 изложувачи, 130 туроператори и 20.000 посетители кои сакаат да одберат атрактивна дестинација за нивниот следен одмор.
На македонскиот штандот чие брендирање ги отсликува туристичките дестинации покрај Агенцијата за туризам учествуваат ко-егзибиторите, МакСан, Туринг Македонија, Експириенс Балкан и ДМЦ Балканс. На покана на АППТ, македонскиот штанд е посетен од в.д амбасадор Илија Псалтиров. Oстварени се повеќе средби со тур оператори од Полска и благодарение на соработката со СИППО- швајцарска програма за промоција на извозот изработена е брошура со учесниците на македонскиот штанд. Овој Инфо буклет како промотивен маил е испратен до туристички субјекти преку мрежата на ЕСЕАТ во Полска. Во соработка со ИМЕ- програмата за зголемување на пазарната вработливост изработени се 3Д видеа со можност на посетителите да им ја покажеме виртуелната реалност од убавините на С Македонија, виртуелно ќе можат да нуркаат во заливот на коските, да летаат со праглајдер итн.
Очекувањата за наредната 2023г се зголемување на полските туристи за 15-20%, за период од јануари до септември 2022година споредбено со истиот период од 2021 год е забележан раст од 16% на бројот на туристи и зголемување на остварени ноќевања за 15% од туристичкиот пазар Полска. Учеството на полските туристи од вкупниот број на туристи во РС Македонија изнесува 5% за период од јануари-септември 2022г.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во вториот дел од медиумската кампања, промоцијата ќе ја насочи на електронски медиуми, односно 100% онлајн рекламирање. Анализа за посета на веб страна www.northmacedonia-timelss.com ни дава информации за успешната реализација на онлајн промотивната кампања изминатиот период. Пикот на посети на веб страната www.northmacedonia-timeless.com од Полска е во месеците мај и јуни кога беше во тек медиумската кампања за промоција на Македонија на полскиот туристички пазар. Вкупниот број на посети во период јануари-октомври 2022 год. е зголемен за 48,9%, споредено со 2021год.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.