Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година од 5ти до 7ми март, заедно со туристичкиот сектор се дел од интернационалната саемска манифестација ИТБ Берлин 2024. Светската туристичка берза ИТБ Берлин ги отвори вратите за илјадници туристички посетители кои нудат атрактивни и иновативни туристички продукти со фокус на одржливи туристички дестинации, а со тоа и поддршка на локалното производство и локалната економија.

Македонските туроператори Фибула, Бадемтур, Експириенс Балкан, ДМЦ Балкан, Маседониа Експириенс, Виш-ко и хотелијерите Ресорт Маврово, Хотел Тино Охрид, ТАВ Македонија, АБЦ рент а кар со конкурентна понуда и услуги ги промовираат можностите кои ги нуди Македонија на туристите од Германија. Германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 35000 туристички посети за 2023г.

На репрезентативниот штанд кој ги отсликува туристичките дестинации во земјава директорката на Агенцијата за туризам, м-р Јасмина Лескаровска потпиша Меморандум за соработка со цел да ја обновиме комуникацијата со германската организација “ASR”- Алијанса на независни туристички трговци која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства. Потпишан е Меморандум на соработка со германската организација “FAR”- водечка мрежа на германски тур-оператори посветени на одржливост на дестинациите. Соработката е во насока на организирање на информативно патување во Македонија за сите заинтересирани туроператори од Германија кои ќе ја вклучат нашата дестинација во туристичките понуди за германските туристи. Благодарност до Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO) за поддршката и отворената соработка за зајакнување на капацитетите и остварување на комуникација со туристичките ентитети од Германија.

Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони, со 5600 излагачи во повеќе од 23 хали ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди. Сите учесници имаат силно влијание во туризмот кои ги рефлектираат најважните актуелни понуди кои оваа година ќе го вратат и надминат туризмот како глобален феномен.акедонскиот туристички производ во балтичките земји. Работен состанок и запознавање Лескаровска оствари со Марија Лабовиќ, директор на туристичката организација на Србија. Туристичка размена во рамките на “Отворен Балкан” и можностите за промоција на регионот, реализација на проекти за одржливи дестинации се дел од темите за кои се разговараше, а од кои се очекува конкретни резултати во периодот што следи.

Македонскиот изложбен простор беше посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Илбер Села, Аганијата за туризам искажува благодарност за одличната логистика и соработка со амасадата за зајакнета туристичка промоција на Македонија на германскиот туристички пазар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.