Од 12ти до 20ти март германски сноубордери ќе ги истражуваат скијачките терени и адреналински спортови низ Македонија. Групата од пет новинари, камермани и професионални сноубордери се преставници на најстариот сноубордерски магазин од Германија “SNOWBOARDER MBM”, а за кој ќе изработат видеа и репортажи од македонските дестинации.
Информативното патување е поддржано од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со “ИМЕ”- Програмата за зголемување на пазарната вработливост, а со цел промоција на туристичките потенцијали кои нудат зимска рекреација во нашата земја. Проектот за “SNOWBOARDER MBM”, кој е именуван како “Road to Macedonia” ќе ги опфати скијачките потенцијали низ земјава, односно ски центри Маврово, Попoва Шапка и Пелистер. Со овој проект магазинот ќе оствари 30 години од кога е испечатено нивното прво издание, а попатно ќе го пренесе искуството за различни адреналински спортови низ овие ски центри во државава.
Ова е нивна мисија и сакаат да ги откријат „непознатите“ моменти на Балканот, зошто предизвик е балканската рута која нуди многу уникатни места за снимање!
Посетата на РС Македонија започна од Скопје со вклучителна посета на Матка, патувањето продолжува јужно до Пелистер, односно ски центарот “Копанки”. Посетата на Охрид е задолжителна, неговиот стар град е важна станица за нив пред да се упатат кон Маврово и неговиот ски-центар. Патувањето завршува со убавините кои ги нудат Тетово и Попова Шапка. За време на целото кружно патување низ Македонија ја доловуваат мешавината од акциони зимски спортови, култура и начин на живот, со цел преку видеа и медиумска онлајн кампања да се пренесе целото искуство до нивните читатели и следбеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.