По повод Меѓународниот ден на руралната жена, Националната федерација на фармери (НФФ), традиционално, по 17ти пат, организира настан со кој ќе се истакне важноста на улогата на жените од руралните средини за земјоделскиот и руралниот развој на нашата земја.

Оваа година Денот ќе се одбележи со трибина на тема „Родовата еднаквост на руралните жени: Подобрување на економскиот статус“ на која ќе се зборува за предизвиците и можностите за економското зајакнување на жените во руралните средини.

Настанот ќе се одржи на 15 октомври 2024 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во ресторан „Империјал гарден“ во село Дихово, Битола.

Во насока на зголемување на видливоста и препознавањето на клучната улога на жените од руралните средини во земјоделството и руралниот развој, Националната федерација на фармери по 17 пат организира настан со кој го одбележува Меѓународниот ден на руралната жена – 15 октомври. Оваа година настанот ќе се одржи на 15 октомври во село Дихово, Битола, во чии рамки ќе се реализира трибина на тема „Родовата еднаквост на руралните жени: Подобрување на економскиот статус“ на која ќе се зборува за предизвиците и можностите за економското зајакнување на жените во руралните средини.

На настанот ќе бидат доделени и признанија за успешни рурални жени и невладини организации кои придонесуваат за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните области.

На настанот свое обраќање ќе имаат Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, Гордана Сиљановска – Давкова, претседателка на Република Македонија, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Микаел Атерхог, раководител за развојна соработка во Амбасадата на Шведска во Македонија, Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола, Сашо Ангеловски, регионален директор за регион Европа во Шведската организација за развој We Effect и Карин Рау, Менаџер на проектот: Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа(SEDRA II).

На панел дискусијата ќе говорат Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието на РСМ, Жаклина Пешевска, претседателка на Собраниска Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, Билјана Петровска – Митревска, проект менаџерка во Национална федерација на фармери, Фросина Ѓоргиевска, земјоделка и рурална жена од Преспа и Лилана Стоилковска, млада земјоделка и рурална жена од село Митрашинци, беровски регион, а воедно ќе биде презентиран и извештајот на Државниот завод за ревизија на РСМ „Родова еднаквост и зајакнување на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“.

Настанот, организиран од Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect, има за цел да го обедини гласот на руралните жени и да ја подигне свеста за нивната клучна улога во локалните заедници и општеството. На настанот ќе учествуваат 200 учесници од различни институции, невладини и меѓународни организации, како и амбасади. Најмногубројни ќе бидат жените од руралните средини од Република Македонија, на кои им изразуваме длабока почит и благодарност преку ова симболично одбележување.

Имено, Меѓународниот ден на руралните жени беше назначен во 1995 година од страна на граѓанските организации на четвртата светска конференција за жените во Пекинг и беше прогласен за официјален ден во 2007 година од страна на Генералното собрание на ОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.