Научниот портал „Sience X“ објави сторија посветена на ендемичниот вид охридска пастрмка, за нејзиниот мрест во мрестилиштето кај Лин, во Република Албанија под наслов „Кралицата на Охридското Езеро: Борба да се спаси балканската пастрмка“.

Албанија и Македонија, двете држави што се граничат на Охридското Езеро, имаат потпишано договори за да се обезбеди нејзин опстанок, во услови на зголемен притисок од туризмот и интензивираниот развој на крајбрежјето.

Позната како „коран” во Албанија и „охридска пастрмка” во Македонија, охридската пастрмка одамна е најпознатиот жител на кристално чистите води на езерото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.