Во сабота, 23 декември 2023 година, во Македонскиот Народен Театар – Мала сцена, со почеток од 17:00 часот, ќе биде изведена новогодишна претстава – комедија за деца „ Далматинко и Дедо Мраз“.

Оваа новогодишна претстава е од жанр комедија за деца, но со доста едукативни и педагошки елементи. Покрај тоа претставата има оргинална сценографија и костимографија, како и новогодишна музика. Интеракцијата со децата е составен дел од претставата и тие можат да уживаат и да разговараат со главните херои: Дедо Мраз, кучето Далматинко и Тетка Мраз.

Оваа претстава покрај сите наведени елементи е оргинална и се издвојува од сите по тоа што Дедо Мраз е постојано на сцена и е главниот лик во претставата, а децата ќе уживаат во неговата дружба.

Новогодишната претстава ,,ДАЛМАТИНКО И ДЕДО МРАЗ” има за цел да упати три пораки, другарството и љубовта еден кон друг е подарок за секого и дека најголемиот подарок е искреноста, другарство, а не насилството и големината на новогодишното пакетчето.

Со тоа ќе укажеме на децата дека сите треба да си помагаме и да си посакуваме само убави и среќни моменти. Тоа што сакаме дополнително да го упатиме како порака е дека животните треба да ги сакаме, грижиме и чуваме, затоа што и тие имаат потреба од љубов, среќа и убави мигови во годината која сите ја очекуваме.

Целата бајка се случува вo куќата на кученцето далматинец со име Далматинко. Кај него треба да дојдат другарчињата – кученцата далматинци и заедно да го пречекаат Дедо Мраз за да добијат подарок, но бидејќи Далматинко сака да е главен сите му кажуваат дека не сакаат да дојдат на дочекот на Дедо Мраз. Кучето Далматинко и се јавува на Тетка Мраз да и каже се и да му помогне. Таа успева брзо да пристигне кај него и заедно со децата од публиката да го повика Дедо Мраз и тој да ги реши проблемите на Далматинко. Тетка Мраз ја дознава вистината зошто другарите на Далматинко не сакале со него да прават пречек. Низ еден комичен и весел начин најдобриот дедо – Дедо Мраз успеава да реши се и Далматинко да биде среќен. Дедо Мраз низ многу мудри начини успева да го промени Далматинко и заедно со децата и Тетка Мраз успева да тргне на пат околу светот и навреме да стигне кај секое дете за да му ја исполни новогодишната желба.
Дедо Мраз му ја исполнува желбата и на кучето Далматинко и го зема за свој помошник, но и децата ги прогласува за светски помошници на Дедо Мраз.

ИГРААТ:
1.Магдалена Ризова-Черних
2.Сашо Ристовски
3.Бранко Атанасов
Автор и режија: Сашо Ристовски

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ, по цена од 300 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.