Рачното запишување нови информации му помага на вашиот мозок да ги запомни работите поефикасно отколку да ги пишувате на тастатура, откри новото истражување, што е во спротивност со вообичаената поврзаност на дигитализацијата со напредокот.
Покажуваме дека при пишување со рака, шемите на поврзување на мозокот се многу посложени отколку при пишување на тастатура, вели Одри ван дер Меер од Норвешкиот универзитет за наука и технологија и коавтор на студијата.
Познато е, наведува таа по тестирањето на 36 студенти, дека таквата обемна активност на поврзување во мозокот е клучна за формирање на меморијата и кодирање на нови информации и затоа е корисна за учење.
Пенкалото и хартијата, како и таблите, се повеќе се заменуваат со екрани во училиштата и универзитетите ширум светот, што е во погрешна насока и може да има негативно влијание врз учењето, пишуваат научниците.
Научниците, кои ја објавија студијата во списанието „Frontiers in Psychology“, апелираат децата „да бидат изложени на активности како што е пишувањето во училиште за да му обезбедат на мозокот оптимални услови за учење“.
Наодите доаѓаат по трендот на враќање на ракописот во некои училишта во САД и, велат истражувачите, треба да доведат до барем делумно враќање на ракописот во училиштата каде што опадна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.