Социјалните мрежи, според српските медиуми, вријат од коментари за масакрот што се случи денеска во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград,. Додека огромното мнозинство луѓе емотивно го коментираат незапамтениот хорор, има и такви за кои убиецот е херој.

На ваквите реакции укажа и српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното вонредно обраќање до нацијата по повод масакрот во училиштето.

„Кога ќе ја погледнете шемата што ја нацртало момчето, ќе видите дека играл некаква игра. Гледате дека не се кае, дека не разбира што направил, бидејќи мислеше дека за еден дел од нив стана херој на социјалните мрежи. Од прогонувано момче сега е задоволен бидејќи стана херој“, изјави Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.