Пластичен хирург предупредува дека постои физичка активност која често се практикува, а предизвикува побрзо стареење.
Половина од моите пациенти ме сакаат поради тоа што им го кажувам, а половина ме мразат“, вели д-р Џералд Имбер во видеото објавено на ТикТок, пренесува „Индекс Фит“.
Д-р Имбер, кој е специјализиран за процедури за лице и тело, тврди дека во прашање е – трчањето.
Притоа, тој објаснува дека повремено трчање е добро, но сè повеќе од неколку километри секој втор ден е премногу.
Дали некогаш сте виделе долгогодишен тркач кој немал слабо, виснато лице? Тоа се случува“, додава тој.
Според докторот, трчањето не влијае само на цртите на лицето, туку и на другите делови од телото.
Колената, зглобовите и грбот се трошат“, тврди тој.
И покрај сите негативни ефекти кои трчањето може да ги има врз телото, овој доктор призна дека вежбањето има придобивки и го повтори своето тврдење дека сѐ е во ред доколку трчањето се практикува умерено.
Инаку, триатлонецот д-р Кија Мовасаги тврди дека изгледот на лицето на тркачите е предизвикана од слабата фигура и постојаното изложување на сонце.
Овие карактеристики ги имаат и градинарите, скијачите, градежните работници, сурферите, морнарите, тенисерите, велосипедистите и голферите. Како што старееме, нашата кожа произведува помалку колаген и еластин, а изложеноста на УВ зраците го забрзува тој процес“, вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.