Парфемите на многумина им се опсесија и речиси и да не постои човек кој не ги користи секојдневно, меѓутоа секогаш сме во потрага по оние што траат и со кои гарантирано ќе мирисаме цел ден.

Поскапите парфеми честопати не се гаранција и дека ќе бидат долготрајни, но со вистинските трикови, дури и најевтините подолго ќе се задржат на кожата. Основно правило е парфемот да се нанесува на посебни точки, на кои е изразен пулсот.

Исто така, постои трик кој вклучува нанесување вазелин на истите тие точки, па дури потоа да се стави парфем.

Девојка по име Мариса Кристин на ТикТок споделила трик кој ѝ помага нејзиниот парфем да дојде до израз, а го дознала од професионални стриптизети со кои татко ѝ често се дружел.

Таа открива дека по туширањето телото треба да се намачка со лосион додека порите се сè уште отворено. По нанесувањето лосион, попрскајте се со парфем, а потоа повторно нанесете лосион и на тој начин ќе го „заробите“ мирисот. Уште еднаш напрскајте се со парфем. Внимавајте лосионот и парфемот да имаат слични мирисни ноти.

Нејзиното видео брзо стана вирално, додека други девојки ги споделиле своите искуства со овој трик во коментари, тврдејќи дека е многу ефикасен.

Извор: Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.